Тетовец со автомобил излетал од патот, три лица завршиле во болница

Вчера во 23.55 часот на булевар „Видое Смилески-Бато" во Тетово, Р.Р.(23) од Тетово, управувајќи патничко возило „Фолксваген голф" со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 15 – годишен сопатник од с.Камењане, кој бил пренесен во болницата во Тетово. Со телесни повреди се здобиле сопатниците А.Б.(24) од с.Синиче и М.У.(24) од с.Вешала. Тие, исто така, биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово“, информираат од МВР.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе