Тетовец приведен откако му била најдена марихуана

Инспектори од Одделот за криминалистичка полиција – Тетово синоќа во 20.10 часот на тетовската улица „Љуботенска" го привеле тетовчанецот Ј.Ј. (22), осомничен дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори".

Како што денеска информираа од МВР, при извршен преглед од страна на полициските службеници, кај Ј.Ј. била пронајдена марихуана.

Лицето е задржано во Полициска станица Тетово за документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од МВР.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе