Заради измама на патарина

Тетовец казнет зашто имал полициски „флешери“ и „хорна“ на своето „ауди“

За да не плати патарина, млад тетовец вклучил светла „флешери“ и активирал „хорна“ и поминал. Потоа бил сопрен, уредите се демонтирани, а ќе плати казна.

Дваесетгодишник од Тетово бил фатен и казнет затоа што незаконски користел светлосен уред „флешер" и звучен уред „хорна" за да не плати патарина, информира СВР Тетово. Тој го признал делото и ги отстранил уредите.

„Полициски службеници од Тетово вчера во 21 часот му изрекоа соодветна казна според Законот за безбедност во сообраќајот на Ш.С. (20), кој со возило 'ауди' со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на т.н. 'флешери“ и 'хорна' поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино. Ш.С. во службениот разговор го признал делото а т.н. флешери се демонтирани, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од тетовската полицијата информираат дека МВР во соработка со Државниот инспекторат за транспорт на 31 јануари и 1 февруари има изречено повеќе санкции за истото дело.

„Санкционирани се 32 лица за незаконско користење на т.н. флешери со цел да се избегне плаќањето патарина, а ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови“, потенцираат од тетовската полиција

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе