Тетовец фалсификувал евра, приведен во полиција

Синоќа, на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.К.(58) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.

Како што соопшти МВР, претходниот ден, на 14.09.2021 околу 22.00 часот во маркет на ул.„Јане Сандански“ во Тетово тој пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 евра, за чија исправност вработен се посомневал и пријавил во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе