Тетовци барани со потерници приведени за издржување на затворска казна

Полициски служеници вчера лишиле од слобода двајца тетовци барани со потерници за издржување на затворска казна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 18:20 часот на ул.„Саво Тасески" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(63) од Тетово. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната“, наведуваат од МВР.

Како што посочуваат од МВР, исто така вчера во 18:20 часот на ул.„Саво Тасески" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Е.(45) од Тетово. Т

ој бил баран по Централна потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна за сторени кривични дела по член 383 и член 206 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе