Тетовчанка принудувала малолетничка на проституција, две лица во притвор

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Тетово, кои се сомничат дека сториле по едно кривично дело – трговија со дете.

„Имено, осомничената, искористувајќи ги сознанијата од ќерка си дека нејзината петнаесетгодишна другарка е со починат татко и болна мајка и живее во тешки семејни и материјални услови, го земала девојчето во својот дом. Таа, од користољубие преку интернет комуникација договарала средби и сексуално го експлоатирала детето – жртва. Осомничената го терала девојчето лажно да се претставува како полнолетно и го испраќала или го носела со свое возило по хотели во Тетово, каде по претходен договор за одреден паричен надомест, им овозможила на други лица да користат сексуални услуги од детето“, соопштија од ОЈО.

Наведоа дека второосомничениот, како сосед на осомничената, иако знаел дека детето е малолетно и знаел за сексуалнатa злоупотреба, наместо да го пријави кривичното дело, го искористил девојчето за остварување на парична заработка. Тој го однел детето во хотел во Тетово и од клиент наплатил за сексуалните услуги. Девојчето искористувајќи погоден момент и прилика ги пријавило осомничените.

„Ценејќи дека се исполнети законските услови, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Ваквиот предлог Судот го прифати, па со решение на двајца осомничени им определи притвор во траење од 30 денa“, посочија од ОЈО.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе