Teтовчанец спаси 81-годишен старец од водите на Вардар

Работникот С.С. (27) од Тетово, вчера од водите на реката Вардар го извадил Б.М.(81) од Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом.

Како што соопшти денеска МВР, случајот бил пријавен вчера, во 14.32 часот во СВР Скопје. Лицето било извадено позади хотел на мост во изградба на подрачјето на Аеродром.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот и по извршен разговор со С.С.(27) од Тетово, тој појаснил дека, додека извршувал градежни работи на мостот, го забележал Б.М. во водите на Вардар, по што влегол во реката и го извадил.

Полицијата од М.А.(45) од Скопје, снаа на Б.М., добила појаснување дека тој имал здравствени проблеми и без нивно знаење го напуштил домот. 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе