Во Тетово

Тешко повредено седумгодишно девојче во сообраќајка

Седумгодишно девојче е тешко повредено во сообраќајна незгода во Тетово што се случила попладнево околу 17 часот, откако во неа удрило возило. Поради повредите по укажаната помош во тетовската клиничка болница таа е однесена на скопските клиники.

„Во СВР Тетово е пријавено сообраќајна несреќа на улицата Јане Сандански во која патничко возило форд фокус со скопски регистарски таблици управувано од женско лице на 34 години од Тетово удрило во малолетно девојче-пешак.

Повреденото девојче е однесено во тетовската болница за укажување на лекарска помош“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Тетово.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе