Во 18.50 часот на крстосницата на улиците „Илинденска" и „Видоја Смилевски-Бато" во Тетово, патничко моторно возило „Фиат пунто" со српски национални регистарски ознаки, управувано од 27- годишната српска државјанка М.Н. со времен престој во Тетовско, удрило во малолетничка (пешак) од Тетово, информира портпролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Во тетовската Клиничка болница се констатирани тешки телесни повреди