Тешко повредени пешак и возач на мотоцикл

Вчера во Скопје тешко е повредено едно лице кога во него удрил камион. Во судир на автомобил и мотоцикл тешко е повреден возачот на мотоциклот. 

МВР информира дека вчера кај бензинска пумпа на улицата „15. корпус", товарно возило „ман", со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(29) од Скопје удрило во пешак А.К.(56) од Скопје. Во несреќата А.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември".

На улицата „Борис Трајковски" се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел", управувано од С.М.(47) од Скопје и мотоцикл „кавасаки", управуван од М.Н.(23) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата М.Н. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза". Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе