Во скопско Визбегово

Тешко повредени моторџија и малолетник

Повозрасен скопјанец и едно малолетно лице со тешки повреди се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако паднале од мотоциклот со кој се превезувале. Несреќата се случила во скопско Визбегово.

„Вчера во 13.00 часот во село Визбегово, скопско, Б.Р.(63) од Скопје, управувајќи мопед „џонвеј“, со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатник – малолетник и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе