Тешко повредени лица во две сообраќајки во Струмица и Прилеп

Вчера на крстосницата од локалниот пат од село Просениково за село Гечерлија, Струмичко, Н.М. (20) од село Сарај управувајќи моторцикл „фости ФТ-150" изгубил контрола и паднал на коловозот.

Н.М. се здобил со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Струмица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Во Прилеп на улицата „Сотка Ѓоргиоски“ вчера патничко моторно возило „голф“ со прилепски регистерски таблици, управувано од Г.И. (44) од Прилеп, удрило во пешакот Ј.П. (82) од Прилеп.

Ј.П. добил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе