Teшко повредени државјани на Словенија и на САД кои патувале на мотори

На крстосницата меѓу патиштата Битола - Ресен и Макази - Маркова Нога, тешко се повредени маж и жена, словенечки државјани, од судир меѓу нивниот мотор и авгтомобил.  Во друга несреќа на регионалниот пат Берово-Струмица  тешко е повреден 80 гпдишен мотоциклист, државјанин на САД,.

Фото: Илустрација

МВР информира: за двете сообраќајни несреќи:

Во СВР Битола вчера било пријавено дека на крстосницата од магистрален пат А-3 Ресен-Битола со крак од регионален пат Макази-Маркова нога се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „поло" со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(67) од Скопје и мотоцикл „хонда" со словенечки национални ознаки, управуван од Ф.С.(60) од Словенија, на кој сопатничка била Б.К.(56) од Словенија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и Б.К., кои им се констатирани во Клиничка болница – Битола, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Ресен.

На регионалниот пат Берово-Струмица во атарот на селото Двориште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикал „БМВ Р1250" со словенечки национални ознаки, управуван од Т.В.В.(80) од САД и патничко моторно возило „форд фиеста" со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(45) од Скопје. По несреќата, Т.В.В. е пренесен во Здравствен дом Берово, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Легенда под Главна слика

Фото: Илустрација

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе