Сообраќајка на патот Ресен - Битола

Тешко повредената жена, префрлена во битолската клиничка болница

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Ресен-Битола, после местото викано „Чешмите".

Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „рено талисман" со хрватска национална ознака, управувано од М.И.(39) од Република Хрватска и патничко возило „опел корса", со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(34) од Битола.

Во несреќата Х.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе