МВР билтен

Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

Една жена е тешко повредена, а уште тројца се полесно повредени во сообраќајка доцна синоќа. 

Половина час по полноќ во полицијата било пријавено дека на крстосница од ул.„Mилан Марковиќ“ и ул.„Ловќенска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген“, со скопски реистарски ознаки, управувано од Д.М.(21) од Тетово и патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(41) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „мерцедес“, Е.А.(62), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „мерцедес“, Ч.М.(59), по што биле пренесени во клиниката „Аџибадем Систина“, Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе