Тешко повредена скопјанка откако паднала во автобус на ЈСП
Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП на ул.„Војвода Васил Чакаларов", Б.Н.(45) од Скопје, која се превезувала во автобусот, паднала и се здобила со повреди.
Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски", каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.