Тешко повредена 80-годишна жена, ја удрила запрежна кола

Вчера во 11.15 часот било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди здобиени од сообраќајна незгода била донесена А.Ц.(80) од Скопје. Истиот ден околу 10.45 часот на крстосницата од ул.„Кемал Сејфула“, ул.„Вуковарска“ и ул.„Емин Дураку“, жената била удрена од запрежна кола, управувана од засега непознато лице кое по незгодата го напуштило местото на настанот.

На повредената ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе