Тешко повреден вработен во ЕВН „Кец“ – Охрид, паднал од електричен столб

Вработен во ЕВН „Кец“ – Охрид се здобил со тешки телесни повреди, откако при изведување на работни активности, паднал од електричен столб.

„Вчера во 11:00 часот во СВР Охрид, Џ.Д.(54) од Охрид, вработен во ЕВН ‘Кец‘ – Охрид, пријавил дека во населба Рача, Б.М.(44) од Охрид, при изведување работни активности, паднал од електричен столб“, информираат од МВР.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“- Охрид, за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР – Охрид.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе