МВР билтен

Тешко повреден возач откако се превртел со „југо“

35-годишен возач од општина Могила е тешко повреден откако изгубил контрола над возилото. 

Во текот на вчерашниот дек во 06.40 часот на локален пат село Милошево - село Пресил, С.Д.(35) од село Св.Тодори, општина Могила, кој управувал патничко  возило „југо корал“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, кое се превртело.

По незгодата, С.Д бил пренесен во Општата болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп, информираат од полицијата. 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе