Тешко повреден тракторист во сообраќајка кај струмичко Ново Село

На магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“, синоќа се случила сообраќајна незгода во која е повреден возач на трактор од Ново Село. 

Сообраќајката, како што информира МВР, се случила помеѓу трактор „ИМТ 539“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(40) од Ново Село, патничко возило „Форд Фокус“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(55) од село Секирник, патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Т.(50) од Струмица и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со бугарски  регистарски ознаки, управувано од И.И.Р.(50) од Петрич, Република Бугарија. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој по укажаната лекарска помош со амбулантно возило бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Возачот на возилото „Форд Фокус“ и сопатникот во истото возило, С.В.(55) од Струмица биле исто така повредени. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе