Тешко повреден работник во Скопје

Со тешки телесни повреди вчера се здобил 63-годишниот С.Д. од скопско Инџиково при вршење градежни работи на објект. Како што соопшти МВР, случајот вчера бил пријавен од Итна медицинска помош во полициска станица Ѓорче Петров.

Несреќата се случила во близина на фирма во скопската населба Стопански Двор. Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза", каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а известен е и Трудов инспектор.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе