МВР билтен

Тешко повреден повозрасен пешак во сообраќајка во Скопје

30-годишен Скопјанец со „тојота јарис“ вчера на паркинг просторот на булевар „Партизански одреди“ удрил 79-годишен пешак. 

Во текот на вчерашниот ден во 14.30 часот на паркинг простор на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(30) од Скопје, удрило во пешак Ж.С.(79) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.   

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе