Тешко повреден пешак во Злетово, го удрила кола

Во с.Злетово, Пробиштип на улицата „Македонија“, патничко моторно возило „фолксваген“ со штипски регистерски ознаки управувано од Д.Р.(29) од с.Злетово удрило во пешакот З.П.(49) од с.Злетово. 

Пешакот, како што соопшти МВР, се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. 

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

 

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе