Тешко повреден моторџија во сообраќајка во Битола

Возач на мотоцикл бил тешко повреден во сообраќајна незгода што се случила вчера попладне во Битола.

Во битолската полиција вчера било пријавено дека во Битола, на крстосницата на  ул.„Партизанска“ и ул.„Студентска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „дукати мултистрада“, со скопски регистарски ознаки, управуван од З.В.(50) од Битола и патничко возило „шкода октавија“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(39) од Битола. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкатa болница Битола.

Увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе