Тешко повреден моторџија во скопски Чаир

Дваесет и пет годишниот скопјанец С.И. е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера утрината во скопски Чаир.

Од полицијата информираат дека несреќата е регистрирана во 04.30 часот на крстосница од улиците „Џон Кенеди“ и „Благоја Паровиќ“ помеѓу мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(25) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Ф.(54) од Скопје и патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Б.Н.(31) од Скопје.

„Во незгодата, мотоциклистот С.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“, посочуваат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе