Тешко повреден мотоциклист Струмица-Баница

На регионалниот пат Струмица - село Баница вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха" со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.А. (28) од Струмица и патничко моторно возило „цитроен Ц4", со струмички регистарски ознаки управувано од А.К. (75) од Струмица.

Во несреќата тешки телесни повреди добил мотоциклистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот С.Ф. (35) од село Вељуса.

Екипа од СВР Струмица извршила увид на местото на незгодата.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе