Во Велес

Тешко повреден мопедист

На 13 март во 13 часот во Велес, на крстосницата со кружен тек, кај фонтаната во Нова населба, патничко возило форд галакси, со велешки регистарски ознаки, управуван од М.М.(52) од с. Горно Врановци, удрило во мопед априлја, со велешки регистарски ознаки, управуван од В.А.(52) од Велес.

Од здобиените повреди возачот на мопедот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа Болница Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извржи екипа од СВР Велес. 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе