МВР билтен

Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

14-годишник е тешко повреден, додека уште две лица се полесно повредени, во сообраќајка на патот Крива Паланка-Куманово. 

На 14.01.2020 во 02.05 часот на магистрален пат Куманово - Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Крива Паланка и патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Крива Паланка.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишниот сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, од Крива Паланка, кој бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачите од двете возила и Н.С., сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“, кои биле пренесени во Општа болница Крива Паланка. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе