Тешко повреден 24-годишен мотоциклист кај Ваташа

Рано утрово 24- годишен моторциклист од Кавадарци бил тешко повреден во сообраќајка кај спомен-паркот „12 младинци“ во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко.

„Сообраќајната незгода се случила утринава во 1,30 часот на регионалниот  пат Кавадарци – Мушов гроб, меѓу возило марка „киа“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки“ со кавадаречки ознаки управуван од 24-годишникот кој бил тешко повреден“, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Со тешки телесни повреди моторциклистот бил пренесен во комплексот  клиники „Мајка  Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на несреќата.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе