МВР

Тешка сообраќајка во Струга, повредени пет лица

Вчера околу 11.00 часот во Струга на ул.„Маршал Тито" се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди", управувано од И.М.(36) од с.Заграчани, струшко и патничко возило „фиат",управувано од С.А.(47) од с.Подгорци, струшко, и двете со струшки регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.А. и неговата сопатничка Н.Д.(58) од с.Подгорци, а со телесни повреди се здобил возачот И.М. и уште двајца сопатници во двете возила, констатирани во болницата „Св.Еразмо" – Охрид и Медицински центар Струга.

„Увид на местото на незгодата извршила екипа од полициската станица Струга“, информираат од МВР.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе