Тешка сообраќајка во Скопје, маж со тешки телесни повреди пренесен на клиника

Тешка сообраќајка се случила вчера во Скопје, при што еден од повредените со возило на Итната помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза", соопштуваат од МВР.

Вчера во 21:30 часот на крстосницата од улиците „Методија Андонов Ченто“, „Јужноморавски Бригади“ и „Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.Б. од Скопје и патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Р.Ф. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил возачот Р.Ф, кој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот. 

Кој беше против осудата на комунизмот. За работите да станат појасни.

повеќе

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе