Тешка сообраќајка во Скопје, 19-годишник удрил во двајца пешаци

И.Б. (19) со возило „фиат пунто“ вчера на крстосницата од улиците „Војдан Чернодрински“, „Славеј Планина“ и „Кримска“ во Скопје, удрил во пешаците А.Ш. (44) и Х.Ш. (18), двајцата од Скопје.

Тешки телесни повреди добил А.Ш., а со телесни повреди се здобила Х.Ш.. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе