Teшка сообраќајка во Ново Лисиче, загина пешак

Едно лице загина вечерва во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во скопската населба Ново Лисиче. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи и претставници на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, вечерва изврши увид на булеварот „Видое Смилевски – Бато".

Според првичните сознанија, несреќата се случила кога 57-годишниот пешак излегол на булеварот надвор од обележан пешачки премин. Притоа, на него налетало возило „шкода октавиа“ со германски регистарски таблички, управувано со полномошно од македонска државјанка. Од ударот, пешакот починал на лице место.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено на обдукција, а ќе се испитува и присуство на алкохол во крвта и урината на возачот на автомобилот. Од Министерството за внатрешни работи е побарано да изврши проверка на снимките од видео надзорот на околните објекти и на системот „Безбеден град“ со цел да се утврди дали камерите го регистрирале настанот. Во насока на утврдување на фактичката состојба ќе биде издадена и наредба за сообраќајно-техничко вештачење, соопшти ОЈО Скопје.

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе