Во незгодата учествувале три возила

Тешка сообраќајка во Лисиче, автомобил се заби во семафор и знак (ФОТО)

Тешка сообраќајка утрово се случи во скопската населба Лисиче, на крстосницата близу крстот. Од сликата на терен можеше да се забележи дека еден од автомобилите се забил во семафор и сообраќајниот знак и целосно ги скршил. На местото на несреќата МВР вршеше увид, а имаше и возило на Итната медицинска помош. Очевидци на сообраќајката коментираа дека еден од автомобилите поминал на црвено со голема брзина и го пресекол патот на друг автомобил. 

„Утрово, во 8 часот било пријавено дека на раскрсницата од булеварот „Србија со булеварот „Трета македонска бригада““ се случила сообраќајна незгода помеѓу три патнички моторни возила, форд, пасат и рено. Сите автомобили се со скопски регистерски таблички“, велат од МВР. 

Од таму додаваат дека информации за повредени и жртви за сега нема. Детали околу тоа МВР најави за подоцна , откако ќе заврши увидот. 

На оваа крстосница жителите на населбата Лисиче протестираа и бараа да биде поставена сообраќајна сигнализација. Сега на улиците кои водат до крстосницата каде денес се случи сообраќајката има сообраќајни знаци, а жителите бараа и семафори. 

На местото каде денес се случи оваа сообраќајка има и семафори и сообраќајни знаци, но очигледно свеста на возачите за безбедно возење е клучна.

К.Д.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе