Тешка сообраќајка во Батинци, седумгодишно дете во критична состојба

Седумгодишно дете е во критична состојба, откако во него удрил автомобил во близина село Батинци, Скопско.

Како што соопшти МВР, синоќа во 20.35 часот кај мостот во село Љубош кон село Батинци, патничко возило „нисан навара“ со италијански национални ознаки, управувано од Т.С. (32) од село Црни Врв, Скопско, удрило во седумгодишно момче од село Цветово, Скопско.

Детето добило тешки телесни повреди и било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош и било задржано на понатамошно лекување и се наоѓа во животна опасност.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе