Во автобусот имало 18 македонски државјани. Сообраќајната несреќа се случила меѓу македонски автобус и товарен камион во близина Линц, Австрија.
Австриските медиуми јавуваат дека сите повредените се згрижени во болница, а поради несреќата бил затворен и автопатот кон Линц. Според полицијата, до несреќата дошло кога автобусот од Македонија застанал поради дефект, а во него удрил камион натоварен со дрва.
По сударот се превртела кабината на камионот при што возачот останал заробен. Биле ангажирани спасувачки екипи и тешко повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница.