Тешка сообраќајка во Арачиново, повредени 5 лица

Синоќа во село Арачиново, скопско, се случила тешка сообраќајна несреќа во која биле повредени пет лица.

Во сообраѓајката учествувале патничко возило „фолксваген голф караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф. (28) од Арачиново „фолксваген голф 3“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. (23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „голф 3“, А.М. (54) од Скопје, додека со телесни повреди се здобиле малолетна сопатничка и сопатник И.Ш. (20) од истото возило, како и двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе