Тешка сообраќајка на скопска обиколница, една жена тешко повредена

Жена се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 14:20 часот на обиколницата на град Скопје во близина на клучка „Стајковци“.

Како што информира МВР, патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната М.С. од село Долно Палчиште, изгубило контрола и удрило во металната ограда и канделабра. Од ударот канделабрата паднала на коловозот од обиколницата од спротивната насока и во тој момент патничко моторно возило „мерцедес МЛ320“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот П.Т. од село Врапчиште, и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки управувано од 48-годишниот Р.Ј. од Скопје удриле во металната канделабра.

По незгодата, М.С. била пренесена во клиничкиот центар и ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе