Тешка сообраќајка на патот Струга-Дебар, две сопатнички со повреди

Во Полициската станица Струга вчера било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила „ауди" со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(61) од Струга и „опел" со охридски регистарски ознаки, управуван од М.М.(44) од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.Т.(43) од Охрид, сопатничка во возилото „опел", додека со телесни повреди се здобила, исто така, сопатничката од возилото „опел" К.Б.Р.(43) од Охрид, констатирани во болницата Св.Еразмо" во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе