Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола, маж починал на лице место

Eдно лице почина, а четворица се повредени при сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Прилеп-Битола.

Како што информира МВР, вчера во 12:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Битола кај село Тополчани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со беровски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот Ѓ.М. од Берово, и патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот З.С. од Битола.

Во незгодата на местото на настанот починал З.С. Со тешки телесни повреди се здобил сопатник-малолетник од возилото „Опел астра“, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници од истото возило кои биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе