Тешка сообраќајка на патот кон браната Козјак, седум лица се повредени

Седум лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на локалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак.

Вчера во 19:30 чaсот било пријавено дека на локалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.В.(27) од Скопје и патничко моторно возило “опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.Ќ.(40) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и малолетен сопатник од другото возило констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“, а со телесни повреди се здобила Л.Ќ. и сопатниците од двете возила И.С.(68), М.С.(64), Д.Г.(27) и малолетник, сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе