Тешка сообраќајка кај Кичево, едно лице загина

Teшка сообраќајна несреќа се случи денеска на магистралниот пат Кичево – Охрид, во која животот го загуби едно лице.

„Нешто после 14 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на селото Добреноец се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале две возила со кичевски ознаки, едното е „фолваген пасат”, а другото е „сузуки марути”. Во сообраќајката едно лице го загуби животот, а има и повредени. Во моментов се врши увид предводен од јавен обвинител и полициски екипи. Има застој во сообраќајот во двата правци и се прави напор сообраќајот да се пушти барем во еден правец“, изјави портпаролот на СВР - Охрид, Стефан Димоски.

 

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе