Тешка сообраќајка кај Свети Еразмо: Едно лице загина, а пет се повредени

Во сообраќајна незгода што попладнево се случила на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Свети Еразмо, едно лице загина, а пет се повредени.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека во несреќата учествувале три патнички возила, две со охридски и едно со струшки регистерски ознаки.

„Денеска околу 16 часот и 40 минути на магистрален пат Охрид-Кичево се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „киа рио" со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(57) од Охрид, патничко возило „ауди", со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.П.(22) од Струга и патничко возило „поло" со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од Охрид,“ изјави Димоски.

Според него, на местото на несреќата починал возачот Р.А., а повредени се пет лица, кои се пренесени во болницата „Св. Еразмо" и во охридската Општа болница.

Увид на местото на незгодата извршиле полициски екипи. 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе