Tешка сообраќајка кај Струмица, двајца тешко повредени

Две лица се потешко повредени во сообраќајната несреќа на патот Струмица-Ново Село.

Синоќа во 22.40 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на крстосница за селата Зубово и Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а6“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Ј. (51) од Ново Село и патничко моторно возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.К. (54) од Зубово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.К., додека А.Ј со телесни повреди.

На двајцата им била укажана помош во болницата во Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе