Тешка сообраќајка кај Форино, едно лице загина

Жител на гостиварското село Равен го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа се случи на регионалниот пат Гостивар-Чегране. За оваа сообраќајка првично беше јавено дека загинале две лица.

Според првичните информации на полицијата, околу 20 часот во селото Форино патнички автомобил „шкода фелиција“ со гостиварски ознаки која ја управувал Л.Х. (57) се судрил со „БМВ“ со австриски ознаки што го управувал И.М. (18) од селото Чегране. Во несреќата, возачот Л. Х. добил тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а тројца сопатници во неговото возило добиле телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница.

Причините и околностите кои довеле до несреќата ќе се утврдуваат по увидот што го прават јавен обвинител и екипа на ОВР Гостивар. Возачот на „БМВ-то“ е обезбеден, наведуваат од полицијата.

Ова е втора сообраќајна несреќа на гостиварското подрачје со трагичен епилог за време на викендот. Завчера попладне во близина на долнореканското село Скудриње во судар на две патнички возила едно лице почина, а две беа потешко повредени.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе