Тешка сообраќајка кај Арачиново, загина тракторист, четворица повредени

С.С. (62) од село Арачиново синоќа бил повреден во сообраќајка што се случила на регионалниот пат Скопје–Куманово, во атарот на село Арачиново. Тој се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза", каде околу 21.10 часот им подлегнал на повредите.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила меѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(28) од село Арачиново и трактор „имт-533“, управуван од С.С. (62) од село Арачиново.

Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило, сопатничката од истото возило Е.М. (24) од село Арачиново и уште двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе