Тепачки со ножеви во Скопје, неколку лица се повредени

Во два угостителки објектa, едниот во Скопје, а другиот во скопското село Марино, синоќа дошло до физички пресметки меѓу гостите во кои биле употребени и ножеви, при што неколку лица биле повредени, од кои едно потешко.

Првиот инцидент се случил вчера во попладневните часови во ресторан на улицата Рузвелтова.

Во тепачката учествувале двајца скопјани на возраст од 18 години од една и две лица од друга страна, од кои едниот бил на возраст од 25 години

При пресметката бил употребен и нож, а со тешки телесни повреди се здобил 25-годишникот кој бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а повреден бил и неговиот пријател. Од другата страна, со повреди се здобил еден од 18-годишниците, информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека тројцата се обезбедени, а се преземаат мерки за пронаоѓање и за четвртиот учесник во тепчката и целосно расчистување на случајот.

Втората кафеанска тепачка во Скопје се случила по полноќ, во скопското село Марино.

Во тепачката учествувале 27-годишник од село Кадино од една страна и две лица од друга страна. Во пресметката, 27-годишникот бил прободен со нож. Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а неговите напаѓачи се приведени во полициска станица.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе