вторник, 16 април 2024

Тепачки и физички напади

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа на подрачјето на Бит Пазар, по претходно меѓусебно нетрпение, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Н.Д.(29) и Д.И.(57), од една страна и С.К.(52) и З.К.(25), од друга страна, сите од Скопје.
Исто така, синоќа В.А.(24) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Р.Д. и А.Д..
На подрачјето на Ѓорче Петров пак, Б.Ѓ.(76) од Скопје синоќа физички нападнал малолетник, а во близина на Граничен премин Богородица А.С.(37) од Прилеп пријавил дека околу 18.30 часот бил физички нападнат од Д.Ѓ.(48) од Скопје.
Физички напад е пријавен и во Штип, каде што синоќа С.М.(67) од Штип пријавил дека околу 19.00 часот со тврд предмет бил физички нападнат од Д.Ж..
Вчера околу 08.30 часот А.А.(40) и А.Е.(38), двајцата од Прилеп, пријавиле дека околу 00.45 часот на плоштадот во Прилеп биле физички нападнати од три лица, при што на А.А. му бил одземен личен предмет.
М.Т.(19) од с.Пирава, пак, пријавил дека на 26.05.2022 околу 23.30 часот во близина на бензинска пумпа во с.Јосифово, валандовско, бил физички нападнат од Б.М. од с.Јосифово. Се работи на расчистување на случајот.
Т.Л.(74) од Скопје вчера пријавила дека на подрачјето на Карпош едно лице физички ја нападнало и ѝ ја одзело чантата.
Во Велес, ноќеска 36-годишна велешанка пријавила дека, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Т.К..
Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.В.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.130 ст.2, по чл.139 ст.2 и по чл.377 од Кривичниот законик, извршени на 26.05.2022 врз неговата поранешна девојка. Од страна на Судија на претходна постапка на Б.В. му е одредена мерка притвор.
Вчера во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден М.Љ.(28) од с.Света Петка, скопско. Според пријавеното, тој додека извршувал работни задачи на подрачјето на Центар како вработен во фирма, бил нападнат со остар предмет од О.Ј., при што се здобил со повреди. На нападот му претходела меѓусебна вербална расправија.
Н.О.(45) од с.Џепчиште, тетовско, вчера пријавил дека во угостителски објект во с.Џепчиште бил физички нападнат од Б.М. и Б.М., двајцата од с.Џепчиште.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ