Тепачка во Градски парк, физички напади...

Во текот на вчерашниот ден и ноќта на територијата на државата се пријавени повеќе физички напади, меѓу кои и напад на вработен во „Национални шуми“, на малолетник, на сопружници...

Ноќеска во 04.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект во Градски парк во Скопје, поради меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Ѓ.(26), М.К.(21), Д.С.(19) и С.Ц.(22), сите од Скопје.
Синоќа во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.К.(38) од Тетово, постапувајќи по пријава на М.С.(54) од Тетово дека тој и неговата сопруга Д.С.(48) од Тетово, околу 23.15 часот, во нивниот дуќан во Тетово, по претходни недоразбирања, биле физички нападнати од пријавениот и уште две лица.
Во Струмица, пак, Д.И.(50) од с.Василево пријавил дека пред 3 дена пред угостителски објект во с.Василево бил физички нападнат од Ј.Н. од истото село.
Ј.Ч. од Битола утрово пријавил дека околу 00.30 часот во Битола три лица физички го нападнале неговиот малолетен син и му одзеле мобилен телефон.
Утрово, во Штип во близина на маркет, М.К.(53) од Штип, бил физички нападнат од М.И.
Е.Д.(44) од Скопје синоќа пријавил дека во 20.00 часот во близина на бензиска пумпа на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од Н.К. и уште две лица.

ОВР Дебар поднесе  кривична против И.Ц.(52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста" и „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија". Тој, на 25.06.2021 околу 10.30 часот,  во близина на дебарското село Гари, прво вербално, а потоа и физички го нападнал Ш.С. од дебарското село Могорче кој, како вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“, во тој реон извршувал работни задачи.
Синоќа во Скопје, пак, пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, Д.М.(34) од с.Кривогаштани, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал М.К.(44).

Полицијата презема мерки за расчистување на сите случаи.

 

 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе