Тепачка во Гостивар, полиција смирувала со истрели во воздух

Во Гостивар синоќа се случила тепачка меѓу две групи, а завршила откако полицајци кои интервенирале на пријава за нарушен јавен ред и мир испукале предупредувачки истрели.

Според СВР Тетово утрово два часа по полноќ во СВР Тетово А.Т. (25) од Гостивар пријавил дека околу два часа претходно на улица „Живко Брајкоски“ во близина на угостителски објект по претходна вербална расправија во објектот со А.Н. и И.Н. од Гостивар неколку лица физички го нападнале со тврди предмети. Едниот од напаѓачите извадил и остар предмет со кој му се заканувал. По кратко време дошол и неговиот брат М.Т., но и тој бил физички нападнат.

По пријавата на местото пристигнале полициски службеници кои за да смират ситуацијата испукале неколку предупредувачки истрели во воздух.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе